Tuesday, May 10, 2011

Новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“


Доколку се прашувате што би можело малку да ве размрда и да ви ја зоврие крвта во овие празнични денови, одговорот е новиот каталог за костими за капење од „Victoria’s Secret“. Каталогот е правен на островите Туркс и Каикос, а дел од него се многу „Ангели“, меѓу кои иКендис СуанполЕрин Хедертон и Лили Олдрич.Новиот каталог за костими за капење на „Victoria's Secret“Каталогот е сликан во неколку теми, а една од нив е француската ривиера. Повеќето модели од костимите се направени со препознатливата технологија за градници на Victoria’s Secret за да се постигне подигнувачкиот ефект, или во овој случај магичниот горен дел може да ги зголеми градите за два броја. Иако каталогот сè уште не е комплетно готов, еве едно одлично видео направено за време на фотосесиите на прекрасните острови.
.



Оргинален извор :http://www.kafepauza.mk

Tuesday, April 26, 2011

Ден од животот на една манекенка

Позната е париската модна недела која се одржува секои шест месеци во срцето на Франција, во главниот град Париз. Таа е дел од четирите најпознати модни недели заедно со оние кои се одржуваат во Лондон, Милано и Њујорк. Париската модна недела е гламурозна за гостите и гледачите, но за многуте манекенки кои треба да ја презентираат облеката што ја носат најдобро што можат, модната недела е задоволство и стрес во исто време.Ден од животот на една манекенкаЗапознајте ја Џули Санер. Таа е 18 годишна девојка, родена во Швајцарија. Оваа манекенка ја застапува познатата модна агенција Elite Model. Погледнете како изгледа еден нејзин ден токму за време на модната недела во Париз.Ден од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка
Ден од животот на една манекенкаДен од животот на една манекенка






Оргинален извор http://www.kafepauza.mk/

Sunday, March 27, 2011

Чанта што секогаш ќе ја сакате

Наместо да купувате чанти кои се во мода како што доаѓа секоја сезона, со набори, со циркони, мали или големи… зошто да не инвестирате во спектакуларна чанта која ќе ја сакате засекогаш? Прочитајте ги кратките совети како да купите класична чанта која е сè, само досадна не.
.

Важна е големината на чантата

Ако сте ниски, тогаш ќе се изгубите носејќи голема чанта и обратно, ако сте високи и со облини, малата чанта нема да заврши работа за вас. Затоа, изберете чанта која се согласува со вашата висина и облини.Чанта која ќе ја сакате секогаш

Внимавајте на обликот на чантата

Обликот на чантата што ќе ја купите, треба да биде во согласност со вашиот изглед. Колку повеќе облини имате, толку поструктурирана треба да биде вашата чанта.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Погледнете ги рабовите на чантата

Ако сакате да имате чанта која ќе ја носите и сакате секогаш, тогаш треба да обрнете внимание на нејзините рабови. Тие треба да бидат цврсти, со рамни линии и никако да не бидат лабави.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Погледнете ја внимателно внатрешноста на чантата

Кога ќе најдете чанта која ви се допаѓа, отворете ја и погледнете внатре во неа. Дали правилно работи патентот, дали убаво се закопчуваат копчињата, дали конците се убаво притегнати? Ако видите дека нешто не е во ред, оставете ја чантата и барајте друга.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Избегнувајте додатоци

Тренди елементите на чантата може да изгледаат убаво, но дали ќе бидат во мода следната сезона? Затоа, размислувајте класично, но не досадно. Кога купувате чанта, секогаш одбирајте квалитетни кожни чанти, кои ќе може да ги носите секогаш и во секоја прилика. Дури и да одберете класична црна, кафена или црвена чанта, изгледот секогаш може да го комплетирате со тренди накит, чевли во боја, некој убав шал или марама во боја.Чанта која ќе ја сакате секогашЧанта која ќе ја сакате секогаш

Чанта која ќе ја сакате секогаш




Оргинален извор www.kafepauza.mk

Sunday, March 6, 2011

10 модни совети од Коко Шанел

„Модата избледува, само стилот останува ист.“
Ова се зборови на легендарната дизајнерка Коко Шанел. Таа почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Таа веруваше дека убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш нема да избледи.10 модни совети од Коко ШанелЕве 10 модни совети кои Коко Шанел им ги даваше на жените во текот на својот живот:
.
„Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“
И дневната и вечерната облека од Шанел беше направена да биде удобна за да не ги попречува движењата. Ниски потпетици, блузи без ракави под јакните, чанти со долги рачки – сите овие беа создадени за да им овозможат на жените комфор во својата облека. Комфорот на нејзините клиентки и бил најважен.
.
„Пантолоните ги ослободуваат жените.“
Коко Шанел беше првата која дизајнираше и носеше панталони во време кога жените преферираа да се мачат во корсети и долги здолништа. Нејзината храброст во прво време беше критикувана, но за кратко, една по една, жените почнаа да облекуваат пантолони на себе. Иако од денешна перспектива изгледа чудно, но Коко Шанел е онаа на која и ја должиме комоцијата при седењето и лесното движење.10 модни совети од Коко Шанел
„Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“
Коко Шанел ги сметаше колената на жените за грди, па затоа и одлучи да ги сокрива со облеката што ја дизајнираше. Таа направи неколку основни модели на здолништа за деловните жени кои претежно беа прави, тесни и многу елегантни.
.
„Обожавајте ги кратките црни фустани.“
Таа ги претстави кратките црни фустани во 1926. Сакаше да креира фустан кој ќе биде идеален и за преку ден и за навечер, ќе биде секси и прилагодлив и ќе изгледа различно со разни додатоци. Ако пред Шанел, црната беше бојата на тагувањето, по неа стана боја на класичното и стилското. Таа им понуди на дамите модел на елеганција кој тие со благодарност го прифатија.
.
„Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи.“
Во раните ’20, многу популарен стана изгледот на машкуданка со кратка фризура, машка силуета и сјај во очите. Коко Шанел ја земаше облеката од нејзините момчиња и лесно ја адаптираше на нејзината фигура. Таа експериментираше со сè, од џемпери до волнени капути. Таа исто така имаше слабост на пругасти елечиња во морнарски стил кои ги комбинираше со многу бисери.10 модни совети од Коко Шанел
„Јакните треба да се меки.“
Во 1925 Коко ја дизајнираше првата мека јакна која целосно се припиваше на фигурата на жената, додека истовремено не ги попречуваше движењата. Ова беше сосема нов пристап во правењето јакни бидејќи дотогаш тие беа крути и неудобни. Коко им ја понуди на жените деликатна свила, високо поставените отвори за рацете и тесните ракави. Ова ја правеше фигурата извонредна.
.
„Колку повеќе додатоци, толку подобро.“
Коко Шанел обожаваше додатоци. И носеше многу. Таа можеше да искомбинира бижутерија со скап накит. Никој не можеше да ја види Коко без низа бисери, рубини или смарагди и полускапоцени камења  и брошови, беретки или капи кои сакаше да ги носи многу блиску до нејзините веѓи.
.
„Стилските чевли може да се во две бои.“
Шанел ја обожаваше црно-белата комбинација, па нејзините познати црно-бели сандали не беа изненадување. Таа веруваше дека ваквите чевли ги прават жените посекси, а нивните стапала помали.
.
„Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“
Црното полно чантиче со рачка од синџирче кое беше креирано од Шанел за да го надополни нејзиниот изглед на деловна жена, сега се смета за едно од најкласичните и најмодерни модели на чанти.10 модни совети од Коко Шанел
„Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“
Жена која не носи парфем нема иднина, вели Шанел. Исто така, според неа, жената мора да носи парфем секогаш кога сака да биде бакната. Во 1922 Шанел извади парфем кој полуди милиони мажи и жени. Коко остана верна на своите принципи и за мирисот употреби квадратно „машко“ шишенце.


Оригинален извор www.kafepauza.mk

Симона Мицова

Симона Мицова

Број на индекс: 081015